“Мојот креативен свет е исполнет со фантазии, детски приказни и среќни доживувања. Верувам во магијата на животот и во моќта на сликите, верувам дека зборовите создаваат светови полни со чудеса. Кога трагам по инспирација, посегнувам по детето во мене кое тивко живее во овој свет на фантазии. Тоа е свет на принцези и волшебници, свет во кој доброто го победува лошото. Овие фантазии не само што ми носат радост, туку и ми помагаат да ја пронајдам убавината во секојдневните ситуации и во луѓето околу мене. Се трудам да ја пренесам оваа магија и во мојата уметност, создавајќи парчиња накит, кои не само што се визуелно привлечни, туку и раскажуваат приказни и пренесуваат пораки кои допираат до срцата на луѓето. Кога создавам нов дизајн, верувам дека секое парче е мал дел од мојот свет на фантазија, исполнето со радост во мигот на творењето. Сакам моите дела да ги инспирираат и другите да веруваат во своите фантазии, да ги следат своите соништа, но и да создадат свои светови кон кои се стремат. Оваа е мојата мисија како уметник – да доловам визуелна убавина која провоцира емоција.,,